На женскиот ката тим за малку му избега финалето, ќе се бори за бронза во Салзбург

kata tim stoenje

Репрезентативниот ката тим во состав Маријана и Мишела Димоски и Пуликсенија Јовановска (сите од Ронин), во полуфиналето на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург-Австрија, е поразен со 3-2 од репрезентацијата на Словачка, преку репасажот со Канада ќе се борат за бронзениот медал.

Во првата средба нашиот тим ја совлада Греманија со 4-1, а потоа и Полска со 5-0.

Репрезентацијата на Словачка во финалето ќе се сретне со екипата на Виетнам.

Во екипниот дел учествуваа девет екипи.

Во поединечниот дел во изведба на кати Ферри Исиќ е поразен во првиот настап од Хрватот Томислав Столар со 5-0. Во оваа конкуренција има 82 натпреварувачи. Пуликсенија Јовановска беше поразена со 4-1 од репрезентативката на Словачка, Дорота Балциарова со 4-1.

Маријана Димоска имаше три победи и еден пораз. Таа ги победи Лина Ваглунд од Шведска со 3-2, Јана Ванасуникова од Словачка 4-1 и Суми Учиаге од Канада 3-2, а беше поразена од Алзбета Овецкоцва-Словачка 4-1. Мишела Димоска имаше две победи против Ана Урлеб-Словенија и Фабине Дироф-Гераманија 4-1, а беше поразена 5-0 од Кију Шимицу од Јапонија. Во репасажот е поразена од Виетнамката Ханг Ти Нгујен со 4-1.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО