Тајсон Фјури: Ќе ги победам Кличко и Џошуа во една вечер

Tajson Fjuri vo trenerka aplaudira

Светскиот шампион, Тајсон Фјури, во верзиите на ВБЦ, ВБО и ИБО, предложи интересно решение за проблемот со совпаѓањето на датумите за реваншот со Украинецот Владимир Кличко и првата одбрана на титулата од страна на светскиот шампион на ИБФ, Ентони Џошуа.

„Дајте се да направиме на Манчестер Арена. Прво ќе се одржи мечот против Кличко и откако ќе го победам, истата вечер ќе се соочам и со Ентони Џошуа“, вели Тајсон Фјури.

Претходно се појавија информации дека Џошуа се согласил да го помести датумот на својота борба од 9 на 25 јули, за да не ги тера гледачите да избираат меѓу неговиот меч и оној на сонародникот Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО