Промоторот на Џошуа: Борбата со Кличко ќе биде многу тешка за Ентони

Dzosua Klicko so pesnici

Промоторот на светскиот шампион на ИБФ во супер тешка категорија, Ентони Џошуа, смета дека борбата со легендарниот Украинецм, Владимир Кличко, ќе биде многу тешка за Британецот.

„Битката ќе биде жестока. Луѓето зборуваат дека Ентони е фаворит, но тој ќе се бори со Кличко“, вели Еди Херн во коментар за Boxing Scene.

„Џошуа не е Фјури. Фјури имаше неповолен, нестандарден стил. Мислам дека шансите се 50-50“, додаде менаџерот на олимпискиот шампион од Лондон 2012.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО