Промоторите на Паркер дадоа 3 милиона долари за организација на борбата со Фјури

Dzozef parker so pojasi

Џозеф Паркер (22-0, 18 КО) на 1 април ќе ја брани титулата во тешка категорија на ВБО против задолжителен предизвикувач Хјуи Фјури (20-0, 10 КО).

Борбата ќе се одржи во Окленд во татковината на Паркер Нов Зеланд.

За организацијата на борбата одлучи тендерот, а промоторите на шампионите Дуко ивентс понудија 3 милиони долари. 22-годишниот Фјури се надеваше дека ќе се бори за светската титула во неговиот Манчестер, но неговиот промотор Френк Ворен понуди помалку, 2,8 милиони долари. Хјуи е роднина на поранешниот светски шампион Тајсон Фјури.

Паркер ќе добие 1.806.600 долари, профитабилни 60 отсто, додека на Британецот ќе му припаднат 1.204.400 долари.

Паркер во неделата отпатува за Лас Вегас каде што ги почнува подготовките со тренерот Кевин Бери.

https://youtu.be/MKOZ3ZtEj0Q

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО