Прохаска по поразот од Переира: Тоа беше голема лекција за мене

Поранешниот шампион Јиржи Прохаска се врати во октагонот по долга пауза поради повреда и веднаш доби шанса да си го врати појасот во полутешка категорија на УФЦ.

Но, чешкиот борец нема да го памети со задоволство настанот УФЦ 295 во Њујорк, бидејќи во втората рунда загуби со нокаут од Бразилецот Алекс Переира.

Во првиот момент се чинеше дека судијата Марк Годард можеби малку порано го прекинал мечот, но Јиржи изјави дека се е исправно.

„Судијата направи се како што треба, јас бев нокаутиран“, призна Јиржи Прохаска и нагласи дека наскоро ќе се врати:

„Такви работи се случуваат. Тоа беше голема лекција за мене, морам да тренирам повеќе и ќе се вратам посилен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON