Дрим на два џудо турнири освои 10 медали

Продолжува низата на добри резултати на Џудо клубот Дрим од Струга чии џудисти на два меѓународни турнири освоија10 медали.

На Кинезис куп во Пирот, Србија, имаа учинок 7 од 7, освоија 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали, додека на „Д-р Шчепан Симаниќ“ во Подгорица, Црна Гора, се закитија со три медали со 4 натпреварувачи, односно 1 сребрен и 2 бронзени.

Резултати Кинезис куп:
1.Давид Спироски – златен
2.Елеонора Јосифоска – златен
3.Амар Бајрамоски – сребрен
4.Анастасија Трајчевска – сребрен
5.Мила Стојмиловска – сребрен
6.Анамарија Стојмиловска – бронзен
7.Давид Ќосески – бронзен

Резултати „Д-р Шчепан Симаниќ“:
1.Филип Шипоски – сребрен
2.Божидар Јуловски – бронзен
3.Лука Трца – бронзен
4.Албин Чолаку 5-то место

„Тука не застануваме, продолжуваме понатаму со следни предизвици. Ни преостануваат уште неколку натпревари до крајот на сезоната во Целје, Миоки опен и Државното екипно првенство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО