Професорот Балтазар амбасадор на моралниот џудо кодекс

Хрватскиот џудо сојуз и здружението „Професор Балтазар“ најавија интересен голем проект. Користејќи го ликот на популарниот професор Балтазар, од истоимениот анимиран филм, Хрватскиот џудо сојуз ќе ги промовира осумте вредности што го сочинуваат моралниот кодекс на џудото.

„Ние сме исклучително горди на оваа соработка, бидејќи Хрватскиот џудо сојуз, како предводник на хрватскиот спорт, на овој начин покажува колку е важно да се комбинираат спортот, образованието и науката. Ова е само продолжение на соработката по влегувањето во Научниот пикник и имаме напредок во нашите заеднички планови“, рече Рената Бркиќ од здружението „Професор Балтазар“.

Со проучување на моралниот кодекс на џудо, тимот на Хрватскиот џудо сојуз, заедно со врвниот илустратор Нико Барун, дизајнираше и создаде постери, боенки и мемориски картички со ликови од популарниот анимиран филм „Професор Балтазар“, направен во 1968 година и освои бројни награди во изминатите 50 години.

„Физиката е практично основа на џудото, како и постојана адаптација кон нови ситуации и предизвици. Затоа „Професорот Балтазар“ е идеален амбасадор на хрватското џудо, како во Хрватска, така и во светот. Не моравме премногу да им објаснуваме на колегите од европското и светското џудо. Многумина од нив веќе слушнаа за Балтазар“, рече Санда Чорак, претседателот на Хрватскиот џудо сојуз и додаде:

„Во времето на пандемијата, во една година која е исклучително тешка на сите полиња, сфативме дека осумте вредности, кои го сочинуваат џудо моралниот кодекс, му се потребни на целото општество. Затоа со нетрпение ги очекуваме позитивните реакции на најмладите, како и на нивните родители“.

Во следниот период, Хрватскиот џудо сојуз ќе го промовира проектот и со овој позитивен проект ќе ги воодушеви и членовите на семејството на џудо и поширокото општество.

Осум вредности кои го сочинуваат моралниот џудо кодекс:

Чест
Скромност
Пристојност
Почит
Самоконтрола
Пријателство
Искреност
Храброст

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО