Поранешен фудбалер на шампионот Лестер влегува во ММА

Медиумите во Англија пренесуваат доста интересна сторија поврзана со поранешниот фудбалер на Лестер и освојувач на Премиер лигата, Марсин Василевски.

Имено, стоперот кој беше дел од шампионскиот тим предводен од Клаудио Раниери неодамна стави крај на фудбалската кариера, но како што се најавува од неговата родна Полска тој би можел да се врати на спортот.

Имено, 40 годишниот Василевски планира да се испроба во ММА спортот кој во последно време зема се поголем замав во спортската јавност.

Дека поранешниот играч на „лисиците“ може да се најде во октагоните потврди полскиот промотор на боречките спортови, Матеуш Борек кој истакна дека Василевски би можел да ги следи стапките на поранешниот играч на Болтон, Блажеј Аугустин кој исто така влезе во октагоните и започна боречка кариера.

„Знам дека спортската кариера на Марсин не е готова. Мислам дека еден од организаторите на ММА натпреварите ќе го убеди да влезе во октагонот. Знам дека тоа беше сон за Марсин. Луѓето велат дека би можеле да имаат одлична борба со Блажеј Аугустин“, изјави Борек во интервју за „Сан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО