Ардијан Аземи за бронзата награден со 2.000 евра, а најави борба за медал и на СП!

Македонскиот боксер Аријан Аземи, кој го освои бронзениот медал на младинското Европско првенство кое се одржа во Будва (Црна Гора), доби парична награда од 120.000 денари (2.000 евра) од боксерската федерација, а тој најави дека следна цел е медал на Светското првенство догодина.

Медалоносецот Аземи после освоената бронза најави дека ќе се обиде да биде подобар и во иднина и дека посакува идната година на СП да го повтори најмалку овој успех од Будва.

„И благодарам на федерацијата што ми овозможи да учествувам на европското првенство, направив се да забележам успех, се надевам дека ќе бидам уште подобар во иднина и следната година особено на светското првенство каде сакам најмалку да го повторам успехот од Будва“, рече Аземи.

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) денеска објави дека парично го наградила Аземи, како и неговиот тренер Насер Харуни со 60.000 денари (1.000 евра) после медалот што го донесоа од Будва, кој е најава за враќање на еден од најуспешните спортови во минатото на старите патеки.

„Драго ми е што имаме успех во боксот, по медалите во деведесетите години имавме голема пауза кога се успесите во прашање. По мојот медал во 1995 година, потоа на Чатлески, Гоергиески и Салиху, и оној историски во сениорска конкуренција на Вели Мумин, имаме прв медал од младинско европско првенство. Горди сме на овој успех среќни и радосни, ова е не само наш успех во федерацијата, ова е значаен момент за спортот во Македонија во моменти кога живееме во услови на пандемија. Ги наградивме Ардијан Аземи и Насер Харуни парично, медалистот Аземи со 120.000 денари, тренерот со 60.000 денари. Сакам да истакнам дека покрај нив на европското во Будва настапија и браќата Илхан и Ајхан Озмен и тренерот Васко Цубалевски, благодарни сме за се што направија во промоција на македонскиот бокс. Сакам да упатам посебна благодарност и до Алкалоид и господинот Живко Мукаетов кои го реализираа нашиот ваучер во услови на пандемија и го помогнаа боксот кога беше најпотребно“, рече Примислав Димовски, првиот човек на боксерската федерација на денешната прес конференција.

Тренерот на нашиот медалист од Будва, Насер Харуни на денешната прес конференција повод успехот, освоениот бронзен медал,  потенцираше дека освојувањето на овој медал е заслуга на сите, на федерацијата на останатите тренери кои работат во боксот, ова е награда за сите.

„Сакам да истакнам дека ова е успех на сите, прв медал во младинска конкуренција на европско првенство. Со доаѓањето на Примислав Димовски на претседателската функција боксот оди напред, сакам да му се заблагодарам и на Петре Чурлиновски, искусниот наш тренер во боксот, неговите совети беа драгоцени на патот кон припремата на борбите во Будва. Жалам што не успеавме да влеземе во финале, Ардијан боксуваше одлично, загуби тесно со 3-2, но следува светското првенство и ќе се обидеме да напредуваме“, изјави Харуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО