Хабиб го „запали“ интернетот со објавата: „Се гледаме наскоро“, но…

Дагестанскиот борец, Хабиб Нурмагомедов повторно го привлече вниманието на светската спортска јавност.

Нурмагомедов кој по борбата со Џастин Гејџи најави крај на боречката кариера сега со една објава буквално ги запали социјалните мрежи.

Иако во интервју кое го даде пред неколку дена категорично демантираше дека ќе се врати во октагонот, Хабиб сега најави нешто сосема друго.

Имено, тој на Инстаграм објави фотографија со првиот човек на УФЦ, Дана Вајт и под неа напиша: – Се гледаме наскоро…- оставајќи ги фановите да се прашуваат каква порака носи оваа фотографија.

Но, можеби тоа е и за најавената средба со Вајт, кој сака да расчисти дали Хабиб се враќа или не. Тоа значи, ако Хабиб рече „не“, ослободување/ одземање на титулата и тргање од П4П листата накоја Нурмагомеодв по победата на Гејџи е прв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО