Енис Алиу и Беќир Лимани го завршија настапот на Европското првенство

Македонските боксери денеска не не израдуваа на Европското кадетско првенство за боксери во Софија, Бугарија, Енис Алиу и Беќир Лимани се поразени на поени.

Енис Алиу (-54 кг) загуби од изреалскиот боксер Халед Бадир 0-5, а Беќир Лимани (-57 кг) е поразен од Чехот Филип Јилек со 0-5.

Утре настапуваат Петар Арсовски и Ќемал Фетаху. На Арсовски му треба победа против Полјакот Николас Павлик за да го освои најмалку бронзениот медал на Европскиот шампионат, а Фетаху статува од осминафиналето.

Европско првенство за кадети:

-46 кг Петар Арсовски – Николас Павлик (Послка) ¼ финале -26 номеври

-54 кг Енис Алиу – Халед Бадир (Израел) 1/8 финале 0-5

-57 кг Беќир Лимани – Филип Јилек (Чешка) 1/8 финале 0-5

-60 кг Ќемал Фетаху – Рентас Саровс (Латвија) – 26 ноември/ во ¼ финалето ги чека Палм Јосеп (Естонија)

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО