Проблеми во пресрет на мечот против Џејк Пол, полубратот на Фјури доби забрана за влез во САД

Боксерскиот меч помеѓу Јутјуберот, Џејк Пол и Томи Фјури, братот на шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури е пред второ откажување, откако на Британецот не му беше дозволен влез во САД поради врските на неговото семејство со ирската мафија.

Според Томи Фјури (8-0), на аеродромот Хитроу покрај Лондон му било кажано дека неговата виза е откажана, кога тој се обидел да влезе во авион за Њујорк за промоција на мечот

„Можам да кажам дека не сум направил ништо погрешно и немам поим зошто не ми дозволуваат да патувам во САД. Тренирам напорно за мечот, а сега не можам да пристигнам таму“, вели Томи Фјури.

Овој развој на настаните доаѓа откако британските медиуми објавија дека и на Тајсон Фјури не му е дозволен престој во САД поради неговите врски со Даниел Кинахан, еден од првите луѓе на ирската мафија. Кинахан во минатото беше советник на Фјури преку неговата „МТК Глобал“ консултантска агенција, која беше затворена откако владата на САД објави потерница по Кинахан од 5 милиони долари.

Ако мечот се откаже, тоа ќе биде второ откажување, откако минатиот декември Томи Фјури се повлече поради скршено ребро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО