Прмоторот: Харпер ги наполни гаќите, бегањето нема врска со парите

Најинтересната боксерска вест овој викенд е, неочекувано, тешкашката борба меѓу Кертис Харпер и Ефе Ајагба.

Харпер (13-6, 9 КО) го напуштил рингот во Минеаполис веднаш штом се слушна првиот удар на гонгот и со тоа 24-годишниот Нигериец ја доби најбрзата победа во историјата на боксот.

32-годишниот Американец требаше да послужи само како лесен противник за перспективниот Ајагба (6-0, 5 КО), а својот потег го објасни со незадоволството поради платата што требаше да ја добие за борбата.

Треба да се истакне дека ова не се случи на некој мал настан, туку на Премиер боксерски шампионат кој го емитуваше Фокс спорт 1.

Промоторот на поранешниот нигериски олимпиец е директорот на Рингстар спортс, Ричард Шефер. Тој не верува во објаснувањето на Харпер.

„Нема сомнение дека го виде Ефе и се посра во гаќите. Па, нема да каже на новинарите дека се уплашил. Не, не знаеше колку ќе биде платен. Потпиша договор. Имавме борба, а тогаш еден тип се свртува и си оди. Ова беше како факторот страв“.

„Ајагба е разорен удирач кој знае да боксира. Полуде. Тренираше заова. Ја сакаше борбата. Ќе го вртаиме во рингот за неколку недели“.

„Беше вознемирен, но му реков дека тоа би можеби ова му е најдобрата работа што му се случила. Ова е легендарно. Луѓето се плашат од него. Никој не сака да се бори со него. Вака се пробива. Ефе Ајагба пристигна на сцената и тешката категорија има нова ѕвезда. Кој после ова не би сакал да го гледа“?

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО