Педраза го победи Белтран и избори меч со Ломаченко (ВИДЕО)

Хозе Педраза (25-1, 12 КО) е новиот ВБО шампион во лесна категорија.

29-годишниот Порториканец во Глендел со едногласна одлука на судиите (117-110, 117-110, 115-112) го победи Реј Белтран (35-8-1, 21 КО) во неговата прва одбрана на напојсот и стана светски шампион во две тежински категории.

Педраза го соборуваше противникот со левиот аперкат од контрагард во 11-тата рунда, а Белтран до карјот успеа да се спаси од поразот со прекин, иако Поротиканецот речиси го заврши во последните секунди на борбата.

Од 2015 до 2017 година Педраза беше шампион на ИБФ во суперлесна категорија. Неговиот единствен пораз во кариерата го доживеа во јануари минатата година со технички нокаут од Гервонта Дејвис.

Педраза веќе го знае својот следен противник. На 1 декември ќе се бори во мечот за обединување со шампионот на ВБА Васил Ломаченко.

https://youtu.be/eY4k_iHhsac

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО