Миочиќ изгаси пожар и порача: Горд сум што сум пожарникар! (ФОТО/ВИДЕО)

Стипе Миочиќ можеби направи пауза за својата кариера во УФЦ, но поранешниот шампион во тешка категорија неуморно ја врши неговата втора работа.

Добро и е познато на фановите на ММА дека Миочиќ заедно со боречката кариера паралелно ја извршува обврската на пожарникар во својот роден Кливленд, во сојузната американска држава Охајо. А како може да изгледа неговиот ден во службата, Пожарникарот го сподели тоа преку Инстаграм, каде што објави снимка и фотографија која направил во текот ма гаснењето на еден пожар.

„Горд сум што сум пожарникар“, напиша Миочиќ со фотографијата и во продолжение на коментирот ја цитира пожарникарската заклетва.

На почетокот на јули, на УФЦ 226, Миочиќ ја загуби титулата во борбата против Даниел Кормиер кој сега бара реванш. Пред тоа, појасот го одбрани рекордни три пати, што го направи најуспешен шампион во тешката категорија во историјата на УФЦ.

https://www.instagram.com/p/Bm6cqPul-n2/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

https://www.instagram.com/p/Bm6a69YFiDD/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО