Се спукаа претседателот на ЏФМ и тренерот на најдобриот наш џудист по денешниот Изборен тренинг

Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) денеска одржа Изборен тренинг во Кавадарци за Балканското првенство за сениори што идната недела од 31 август до 2 септември ќе се одржи во градот на виното.

Првенството завршило како што завршило, но резултати, односно список на репрезентативци нема, иако ЏФМ кога го соборуваше претходното раководство ветуваше максимална транспарентност и компетитивност, сепак од тоа нема ништо. Работата е отидена до таму што некои ова го претставуваат како Државно превнство. Што стана со оние што велеа дека рака ќе сечат…?!

А ние што можевме да забележиме од Фејсбук страницата на ЏФМ е преписката меѓу претседателот на ЏФМ, Зелгул Реџепи од една страна и Игор Паскоски, тренер на Миоки, односно најдобриот македонски џудист Хамза Јашари, од друга страна.

Се запонува со коментарот на Јашари:„Федeрација боранија🤮🤮“.

На ова реaгираше претседателот на ЏФМ, Зелгул Реџепи:

„Да, така е, Боранија, ама не заборави дека таа Боранија инвестираше во тебе преку 15.000 евра“!

Во одбрана на својот џудист и осврт на Изборниот тренинг со коментар се јавува Игор Паскоски.

„Ете дочекавме и тоа…на најуспешниот наш џудист да му дојде преку глава од тоа што оваа Федерација „систематски“ РАБОТИ за џудото и џудистите. Навистина е мизерно постојано да се слушаат само лажни ветувања. Многу сме далеку од реалноста, а постигнативе резултати се чудо со оглед на никаквите услови во кои работат, ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ неколкумина ентузијасти и спортистите кои се уште не знам од каде црпат мотив и желба за тренирање. Супер ни е избраниов пат без компас и без концепт“!

Па се надоврзува Хамза.

„Даа… богат ме направивте.. не знам кај да ги трошам! Немам ни кимоно од ЏФМ, а не па некаква друга опрема. Срам сме, кај и да се појавиме како партизани и никогаш до последен момент не се знае ништо“, истакнува во коментарот Јашари!

За Катерина Тодоровска да рече: „Никако да ја сфатам улогата на оваа Федерација. Можеби е до мене, а можеби и до конфузијата која ја создавате. Прво, што ли тоа значи „изборен тренинг„ на сениори, а на сликата имате деца кои ни од далеку не се сениори. И, каков е тој „избор“ денес, кога, според ваша објава, Балканското првенство ќе се одржи од 31 август до 2 септември во Кавадарци. Ако сето ова е точно, вие немате ни една седмица за тренирање на сениорите. Е па, нешто навистина не е во ред“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО