Примислав Димовски: Да заврши кризата со клубовите и тренерите ќе направиме планови согласно насоките од АИБА

Коронавирусот ги запре сите активности во многу сегменти во севкупниот живот, притоа и спортот не беше изоставен. Се највува олабување на мерките и некои раздвижувања во спортот и неибежно прашање е како ќе се активираат спортистите и клубовите.

„Здравственава криза секако нема добро да се одрази на спортската форма на боксерите и на работата на клубовите и федерацијата. Но тоа е ситуација во целиот свет и во сила е мораториум од АИБА на интернационални боксерски активности до крајот на август, а тогаш повторно ќе се одлучува што и како до крајот на годината“, вели претседателот на Боксерската федерација на Македонија Примислав Димовски.

Тој вели дека досега ова е невидена ситуација која не затекнала и нас и целиот боксерски свет, затоа не може ништо конкретно да каже, но и да се предвиди што да се прави.

„Федерацијата не смее да организира активности, клубовите не смеат да држат тренинзи, боксерите индивидуално прават кој што може, но знаеме дека и тоа е отежнато, со оглед на тоа што имаше забрана за одење во паркови и парк-шуми. Последна насока од Федерацијата е да чекаме да заврши и кризата и веднаш да се состанеме со клубовите и тренерите за да направиме анализа и согледување на моментална ситуација и да направиме планови што да работиме во иднина“, истакнува Димовски.

Фактички, боксерите го имаа последниот меѓународен настап на кавлификациите за Олмписките игри во Токио 2020 (сега 2021 –н.з.). Гоце Јанески и Јасин Лама ги бранеа боите на Македонија во Лондон.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО