Фрчат понуди за Мајк Тајсон – доби понуда од 20 милиони долари да боксира без ракавици

Легендата е најакутелната личност за време на спортската пауза поради коронавирусот. Со само едно видео од тренинг беше доволно „Железниот Мајк“ повторно да добие фантастична понуда за враќање во рингот. Првата беше милион долари, а веќе денес пристигна многу богата понуда, на која може да му позавидат актуелните шампиони, од Боксерската Федерација за борби без ракавици, која му нуди на Тајсон 20 милиони долари за една борба.

„Точно е, му понудивме 20 милиони долари за борба во нашиот спорт, но подготвени сме и за други видови на соработка, доколку тој е заинтересиран. Откако видовме како тренира, имаме огромна желба да организираме негова борба во ринг“, изјави Дејвид Фелдман, претседател на Боксерската Федерација за борби без ракавици.

Тајсон засега молчи и не открива кога би можел повторно да боксува, а фановите почнаа да сонуваат за негов нов дуел со Ивандер Холифилд, откако овој ветеран исто така објави дека е подготвен за камбек во рингот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО