Одложен е презакажаниот квалификациски карате турнир за ОИ

Светската карате федерација (ВКФ) информира дека квалификацискиот карате турнир 2020 е одложен. Настанот требаше да се одржи во Париз (Франција) оваа година, но истиот ќе биде суспендиран поради одложувањето на Олимписките игри Токио 2020 година.

По потврдата од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за презакажување на Олимписките игри Токио 2020 година за летото 2021 година, ВКФ одлучи да го одложи квалификацискиот турнир за подоцнежен датум за кој допрва треба да одлучи.

Меѓународната карате организација на карате ќе соработува со сите засегнати страни за да го утврди најсоодветниот датуми за квалификацискиот турнир откако ќе се потврди датумот за одржување на Олимписките игри Токио 2020 година.

Првиот олимписки квалификациски турнир за овој спорт првично беше закажан за мај 2020 година, но истиот беше презакажан за јуни 2020 година, заради појавата на коронавирусот. Настанот што ќе се одржи во Париз (Франција) сега официјално се одложува, а до датумот дополнително ќе се утврди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО