Претседателот на ВБЦ за Руиз: Куп опортунисти го одвлекоа од нормалниот план

Претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулејман покажа разбирање за Енди Руиз.

Мексиканецот е на голем удар на на критата заради начинот на кој го одработи реваншот со Ентони Џошуа.

Руиз во јуни го победи Џошуа во седмата рунда и стана првиот мексикански шампион во тешка категорија. За возврат во Диријах, Саудиска Арабија, дојде со прекумерна тежина и во многу лоша форма. Користејќи го претпазливиот пристап, Британцот го совладаа и по 12 рунди си ги врати појасите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

По борбата Руиз призна дека три месеци се забавувал и го почнал тренинг кампот многу доцна, бидејќи мислел многу брзо дека ќе ја заврши борбата со Џошуа.

Од друга страна, Британецот беше во најдобра форма во кариерата.

Мексиканецот би сакал трета борба, но тешко дека ќе дојде, бидејќи Џошуа има две задолжителни одбрани на титулата и други планови.

„Тој беше жртва на околности. Направи големо изненадување со неговата јунска победа која одекна во светот. За жал, за реваншот не можеше да направи соодветни, достоинствени и чесни подготовки заради себе и за овој спорт. Резултатите се очигледни“, рече Сулејман.

„Но, таков е боксот. Тешко е да се обвини човек кој немаше ништо и одеднаш стана милионер, славна личност. Куп опортунисти го оддалечија од неговиот нормален план, а тој беше да се подготви за битка и за жал ова е резултатот. Му посакувам среќа и се надевам дека ова ќе биде лекција за него, се надевам дека ќе најде нов живот во салата или само ќе живее од сеќавањата на она што го постигна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО