По 30 години Гоце Јанески освои медал за Македонија на Балканско првенство во бокс

Гоце Јанески (-75 кг) во рамноправна борба загуби од косовскиот боксер Бесрат Пирева на Балканското првенство во бокс за сениори во Анталија – Турција. Победата можеше да му биде доделена и на нашиот боскер, сепак Јанески го освои бронзениот медла на Балканскиот шампионат.

Македонија пополни голем врфеменски пост на балканските првенства околу 30 години,односно по славните олмпијци Аце Русевски и Реџеп Реџеповски Јанески и носи медал на Македонија, Нашето водство, а и сите ние, можеме да жалиме што тоа не е посјајно одличје, бидејќи ако нашиот боксер не ја имаше повредата и беше во полна форма немаше да има проблем со репрезентативецот на Косово за пласман во финалето.     

На Балканското првенство учествуваа и Јасин Лама (-63 кг) и Арсим Етеми (-81 кг), но загубија во четвртфиналните борби.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО