Хабиб бесен како рис на одлуката на Вајт да се бори со Конор: Јас одлучувам…

Фановите на боречките спортови останаа шокирани со одлуката Дана Вајт да му даде реванш шанса на Конор Мек Грегор со Хабиб Нурмагомедов.

Вајт посочи дека Ирецот во случај на победа над Доналд Цероне ќе добие шанса да се бори за титулата против Хабиб, ако Дагестанецот го совлада Тони Фергусон.

„Цероне е втора лига. На последните настапи изгуби седум-осум пати, а речиси никогаш не победил. Не е важно кој ќе победи на тој двобој. Нелогично ми е што Дана вели дека ќе организира наш реванш ако двајцата победиме. Јас одлучувам со кој ќе се борам, а не тој. За Мек Грегор да може да се бори со мене ќе мора да ја спушти килажата на 70 кг, а потоа да победи десет пати по ред. Потоа ќе размислам за реванш. Сега нека се бори со второкласни борци“, зјави Хабиб Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО