Претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулејман, се надева дека следната година ќе организира супер средба меѓу шампионот на федерацијата Дионтеј Вајлдер и шампионот на ИБФ, Ентони Џошуа.
Американецот Вајлдер е непоразен на 37 натпревари, а 36 од нив ги решил со нокаут, но во моментов се опоравува од повредата која ја заработи за време на мечот со Крис Ареола во јули.
Џошуа од својата земја е новата сензација во тешка категорија, а доби сите 17 натпревари со нокаут до овој момент и од некои специјалисти е посочен за следниот доминатор во тешка категорија. За Британецот претстои одбрана на титулата во ноември, како потенцијален ривал е споменуван Бугаринот Кубрат Пулев. Вајлдер пак ќе треба да се бори со победникот меѓу Александар Поветкин и Бирмејн Стиворн кога ќе се опорави.
Но, потоа може да се организира дуел меѓу него и Џошуа кој несомнено ќе привлече огромен интерес кај љубителите на боксот. Сулејман не дава проценка за1 датум за потенцијалниот меч, но тој може да се организира во втората половина на следната година.