Пресврт: Конор – Цероне пропадна, Мек Грегор сака реванш со Хабиб

Следниот меч на Конор Мек Грегор нема да биде против рекордерот по победи во УФЦ Доналд Цероне – Каубој. Тоа е она што шефот на УФЦ Дана Вајт го рече. Според него, Ирецот има намера да направи реванш со Хабиб Нурмагомедов.

„Доналд беше во мојата канцеларија. Тој е подготвен да се бори, но желбата на Коннор е да направи реванш меч со Хабиб“, рече Дана Вајт.

Самиот Цероне го дефинираше Мек Грегор како примадона.

„Очекувавм Конор да се бори со мене во април, но рече дека не е подготвен за тој датум. Не разбирам како на почетокот си кажа дека може да се бори со сите, а потоа да каже дека не е подготвен. Знам дека сака да се зборува за него, па објавува разни мечови“, рече Каубојот.

https://www.youtube.com/watch?v=87NQglhs9XU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО