Пресметката меѓу Мек Грегор и Дош Ањош доби спектакуларна најава (ВИДЕО)

Conor-McGregor-8

Од најсилната светска ММА организација продолжува со промовирањето на спектакуларниот настан УФЦ 196, кој ќе се одржи за околу еден месец во Лас Вегас. Овој пат фокусот е само на главните актери, односно Конор Мек Грегор и Рафаел дош Ањош кои во октагонот ќе се борат за шампионската титула во лесна категорија.

МГМ Гранд гарден арена повторно ќе биде домаќин на настанот, кој со големи букви ќе биде зазпишан во историјата на УФЦ. Освен тоа што на брилијантниот Ирец му се пружа прилика да освои уште еден појас и да стане првиот борец во историјата УФЦ кој истовремено  ќе држи два појаси во две категории, истиот настан ќе ни понуди настап на Холи Холм која во својата прва одбрана на појасот ќе се бори против Миша Тејт.

Најновот видео кое е во режија на УФЦ потсетува на најважните изјави и настапи кои ги одбележаа педоводниците на овој настан во 2015 година.

https://youtu.be/0tw6cT3Jj84

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО