Пресметката меѓу Усик и Дубоа е поместена на 26 август: Украина слави

Мечот меѓу Александар Усик и Даниел Дубоа беше најавен за 12 август по наддавање за хонорари, но сега пристигна информација дека нивната пресметка е поместена за две недели подоцна.

Така, Усик ќе ги брани шампионските појаси на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија против Дубоа на 26 август во полскиот град Вроцлав.

А една од причините зошто решиле да ја преместат борбата е тоа што 24 август е Денот на независноста во Украина.

„Вроцлав стана дом на многу Украинци. Борбата ќе се одржи на стадион кој може да прими 24.000 гледачи. Настанот го префрливме на 26 август, бидејќи во тоа време во Украина се слави Денот на независноста. Тоа е совршен датум за мечот меѓу Усик и Дубоа и не можевме да го пропуштиме“, изјави промотерот на Усик, Александар Красјук.

Во Вроцлав, пред војната во Украина, дури десет отсто од вкупното население биле Украинци. Сега нивниот број е зголемен за 25 проценти.

Во распределбата на хонорарите, Усик (20-0, 13КО) ќе добие шест милиони долари, или 75 отсто како сопственик на Супер титулата на ВБА.

Дубоа (19-1, 18КО) и неговиот тим имаат право на рекордна плата од два милиони долари или 25 отсто од вкупниот хонорар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО