Премиер лигата во Дубаи клучна за олимписките норми, настапуваат и 11 македонски каратисти

Утре стартува вториот турнир на Карате 1 Премиер Лигата во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, на кој ќе настапат и 10 македонски каратисти.

Од овој турнир стартуваат и Емил Павлов и Жарко Арсовски кои на премиерното изднаие во Париз не настапија. Покрај нив ќе настпат и Ферри Исиќ и Пуликсенија Јованоска во кати, Берат Јакупи, Ангела Мојсовска, Петар Спасеновски, Моника Стефановска, Наташа Стефановска, Симона Заборска и Петар Заборски во борби.

Натпреварите почнуваат утре и ќе траат до недела со учество на 594 каратисти од 274 клуба од целиот свет.

Премиер лигата во Дубаи е контрола пред Европското првенство кое оваа година се одржува од 25 до 29 март во Баку, Азербејџан, поради Олимписките игри во Токио.

Како еден од последните настани олимписките квалификации, Карате 1-Премиер лига Дубаи се очекува да биде клучна во трката да ги одреди спортистите кои ќе учествуваат на Олимпиското деби на каратето во Токио. Скоро 600 натпреварувачи од 85 земји го потврдија учеството на големиот настан. Сите, освен двајцата актуелни светски шампиони и десет од 12-те победници Гранд при наградите, се регистрирани да учествуваат во Дубаи.

Најдобрите четиримина спортисти за Олимписките игри директно ќе се квалификуваат о на Игрите по квалификацискиот процес на рангирање што ќе се случи на 6 април. Трката за квалификациските позиции е премногу изедначена во повеќе категории, со што, се чини,  бодовите освоени во Дубаи ќе бидат клучни за конечниот список на олимпијците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО