Преговорите за Џошуа-Вајлдер почнуваат во четврток!

Преговорите за исклучитениот меч за обединување на титулите и светски владетел во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер ќе почнат во четврток. По втор пат ќе се сретнат претставникот на британецот – Еди Херн и луѓето на Американецот – Шели Финк и Ал Хејмен. Се очекува да разговараат за најважните работи за конкретниот дуел.

Средбата ќе се одржи непосредно пред големата боксерска галавечер во Бруклин (САД).

Херн подготвил понуда од 12,5 милиони долари за Вајлдер, ако Американецот се согласи да се бори на некој од стадионите во Велика Британија. Тој е подготвен да го слушне предлогот и на Американците.

Три елементи се главни по кои треба да постигнат договор. На прво место се плаќањата на двајцата боксери. Џошуа поседува четири од светските титули, додека Вајлдер има само една. Ова го става лондончанецот во подобра почетна позиција. Втората тема на разговорите ќе биде датумот и местото на настанот. Има варијанта битката да се одржи дури и на неутрална дестинација, а не во земјите на двајцата боксери. Последниот услов ќе биде поврзан со можноста за одржување на дополнителни средби пред евентуалниот обединувачки дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО