Преговорите меѓу Фјури и Џошуа се во завршена фаза

Преговорите за супермечот меѓу двата светски шампиони во тешка категорија – Тајсон Фјури и Ентони Џошуа се скоро завршени.

Ова е се забележува од последниот говор на американскиот промотор Боб Арам, кој заедно со неговиот колега Френк Ворен ги застапуваат интересите на „Кралот на Ромите“.

Првиот човек на промотерската фирма „Топ ранг“ рече дека очекува во вторник (26 јануари) да ја добие првата копија од договорот, кој Еди Херн го подготвил по повеќенеделни преговори.

Засега нема избесност за локацијата и датумот на мечот, а најверојатно домаќин на огромниот настан ќе биде Блискиот Исток или Азија, а целниот период е крајот на мај.

„Луѓето на Еди и Џошуа треба да го испратат договорот во вторник“, рече денес Боб Арум.

„Тогаш треба да им го пренесам на Френк Ворен, Тајсон и нашите адвокати. Ако имаме поправки, ќе им ги вратиме на Еди и неговиот персонал. Мислам дека сите сакаат да се случи овој меч.

Затоа верувам дека наскоро ќе ги разјасниме последните детали и ќе одлучиме за локацијата. Но, ајде прво да го видиме оригиналниот договор и дали треба да смениме нешто.

Очекувам последниот состанок да се одржи за две недели. Тогаш сè треба да биде подготвено и финалниот документ да биде потпишан од двете страни. Најдобро би било средбата да се одржи во Велика Британија, но во оваа фаза е невозможен поради Ковид-19“, објасни Арум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО