Прегелед: Сандхаген – Дилшоу го предводат УФЦ на ЕСПН (ВИДЕО)

82

Викендов во Лас Вегас ќе го видиме враќањето на Ти Џеј Дилшоу. Поранешниот шампион во петел категорија ќе се бори против опасниот Коди Сандхаген. Нивната битка е голавна за УФЦ Вегас 32 во Институтот на УФЦ.

ТЈ се враќа по казна од две години од УСАДА и ќе биде интересно да се види како влијаеше времето надвор од кафезот. Коди, пак, доаѓа по две големи нокаут победи над ветераните Мораеш и Едгар.

Победата над Дилашоу сериозно ќе го подигне Сандхаген. TJ, пак, ќе може да ја бара титулата доколку го победи Коди. Не чека многу интересна битка, а додека го чекаме УФЦ ни дава преглед:

Главна карта:

Кори Сандхаген – ТJ Дилшоу

Аспен Лад – Мејси Кијасон

Кајлер Филипс – Раулијан Паива

Дарен Елкинс – Дарик Минер

Миранда Маверик – Мејси Барбер

Мики Гал – Џордан Вилијамс

Воведни:

Брендан Ален – Пуна Соријано

Шамил Абдурахимов – Крис Даукаус

Јан Хајниш – Насурдин Имавов

Ренди Коста – Адријан Јанез

Хулио Арс – Андре Евел

Сијара Јубенк – Елиз Рид

Дијана Белбита – Хана Голди