Ван Зант и Остович се соочија пред БКФЦ 19

Останаа уште неколку дена до настанот во бокс без ракавици на БКФЦ што ќе се одржи во Флорида. Гала вечерта БКФЦ 19 ќе се одржи на 23 јули во заливот Тампа.

Во главната борба ќе ги гледаме поранешните натпреварувачки на УФЦ, Пејџ ван Зант и Рејчел Остович. Тие ќе се боксираат со голи раце во категоријата до 57 килограми.

Организацијата одржа прес-конференција пред настанот, на која Пејџ и Рејчел се соочија. Во нивната прва борба пред две години, Ван Зант победи со завршница, но овој пат нема да има борба во партер.

Еве ја борбената картичка за настанот, како и соочувањето на двете натпреварувачки:

Главна карта:
Пејџ ван Зант – Речел Остович
Арнолд Адамс  -Мајкл Терил
Британија Харт – Џени Севиџ
Тејлор Старлинг – Каси Роб
Абдиел Веласкез – Џeин Ерера
Ник Ирска – ДК Мани
Тери Јаноски – Ричард Карстен
Џош Сајкс – Тони Сото
Крис Јенсен – Кајл Мекелрој
Евил Хироу – Дакота Олаве
Џеред Ворен – Сион Томлинсон
Скај Моисеичик – Хорхе Гонзалес

Прелиминирани:
Џеј Џексон – Дејмон Бел
Бранден Ален – Џордан Неш

https://www.youtube.com/watch?v=mOhrxz7003M

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО