Познато е новото име на јапонската промоција; Федор, Аоки, Сакураба, РЕНА и Габи Гарсија на промоцијата

samurai 3

Нобујуки Сакакибара во Токио официјално ја претстави својата нова боречка промоција.

Името е „Ризин“ (ориз), а на прес-конференцијата се појавија и лидерите на партнерските организации – Белатор,БАММА, КСВ и Џунгл Фајт. ТВ Спајк е медиумски партнер во САД.

„Ризин фајтинг ворлд гранд при“ е името на настанот што ќе се одржи од 29 до 31 декември, со боречки приредби на 29 и 31, а 30 декември е фан фест.

Целосниот распоред не е обелоденет, како што не е потврдено и името на протиникот на Федор Емилијаненко, Џаидеп Синг.

Извесно е дека ќе се борат Шинја Аоки и Казуши Сакураба, а настанот ќе настапат и РЕНА и Габи Гарсија.

samurai rizin 4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО