Познати местото и датата за борбата Усик – Гасиев

Конечно, има нов датум за борбата меѓу Олександар Усик (14-0, 11 КО) и Мурат Гасиев (26-0, 19 КО).

Главниот секретар на Руската боксерска федерација, Умар Кремлев, објави дека финалето на Светската боксерска супер серија (ВБСС) и меч за ВБЦ, ВБА, ВБО и ИБФ појасите светски првак во леснотешка категорија ќе се одржи на 21 јули во Москва.

Победникот ќе биде првиот боксер во историјата на леснотешка категорија кој ќе држи четири појаси.

Борбата требаше да се одржи во Саудиска Арабија во мај, но Усик беше повреден, а финалето беше одложено.

Усик го тренира Сергеј Ватаманјук, додека Гасиев работи со Абел Санчез.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО