Бојана Лазаревска ја забележа првата победа на Европското првенство и стигна до репасажот (ФОТО/ВИДЕО)

 

Македонската репрезентативка Бојана Лазаревска (62 кг) ја забележа првата победа на едно Европско првенство во Ѓер, Унгарија, во женско борење на шампионатот за пионери, а стигна и до репасажот, завчера, на штотуку завршеното ЕП.

Она што го прикажа на турнирите пред ЕП и освојувањето на медали од нив навестуваше дека таа може да изненади. Во осминафиналето ја совлада Каролина Закарзевска од Полска со 4-3, а во четвртфиналето е поразена од фаворитката од Русија Кристина Бодаренко со 2-4, иако водеше со 2-0, пред се поради нејзина грешка која ја доведе во туш позиција.

Бидејќи Бодаренко се пласира во финалето и овозможи репасаж на Бојана каде што се сретна со Молдавката Екатерина Раилеан и загуби со 0-8.

Со малку повеќе среќа и добра тактичка подоготвеност Лазаревска можеше да оставри и подобар резултат. Но, сепак, оваа е почеток на кариерата и има можност да се докажува.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО