Хва ранг ИТФ освои 13 медали, а Давид Крстески со маестрален настап на „Романија опен 2018“ (ФОТО)

Давид Крстески на мајсторски начин триумфираше во неговата категорија, а Хва ранг ИТФ стави печат на полусезоната со 13 медали – 1 златен, 6 сребрени и 6 бронзени овој викенд на еден од најслините ИТФ турнири од А класа во Централна Европа „Романија опен 2018” во Орадеа.

На овој меѓународен турнир учествуваа клубови од 12 земји, а Чешка и Бугарија настапија со комплетни репрезентации, а имаше претставници и од Словачка, Унгарија, Молдавија, Италија, Бoсна и Херцеговина, Србија, Англија, Австрија, Романија и Македонија.

Медалите ги освоија:
Давид  Крстески                     – 1 место , злато – борби -35 кг кадети 10-11 год.
Марио Крстески                     – 2 место , сребро –борби -40 кг кадети 12-13 год.
Филип Трифуноски               -2 место,сребро- борби -60 кг кадети 12-13 год.
Елена Јанеска                           -3 место, бронза – борби -40 кг кадетки 12-13 год.
Климент Кузмановски         -2 место, сребро – борби -50 кг јуниори 14-15 год.
Антонио Јанески                    -3 место, бронза – борби -55 кг јуниори 14-15 год
                                                         -3 место, бронза -форми, зелен појас, јуниори 14-15 год
Хриситјан Митрески             -2 место, сребро – борби -70 кг јуниори 14-15 год
Јане Димов                                -3 место, бронза – борби +70 кг јуниори 16-17 год
Ангела Вељаноска                  -3 место, бронза – борби -55 кг јуниорки 14-15 год
                                                         -3 место, бронза – форми, жолт појас, јуниорки 14-15 год
Анастасија Вељаноска         -2 место, сребро – борби -60 кг јуниорки 14-15 год
                                                         -2 место, сребро -форми, жолт појас, јуниорки 14-15 год

Давид Крстески во стилот на големите мајстори ги совлада сите негови противници, едноставно кажано маестрално, вели тренерот Марјанчо Лазаревски и додава дека демонстрирал надмоќ против сите ривали, користејќи атрактивни техники. Со ова докажал дека е подготвен за идното Европско првенство кое ќе се одржи  во Римини, Италија, во април 2019 година. Лазаревски истакнува дека покрај Давид, во одлично издание се претставиле и другите натпреварувачи.

„Антонио Јанески, кој е носител на зелен појас, во неговата категорија  сите негови противници беа носители на црни појаси, успеа да го освои третото место, при што во полуфинале изгуби со 1 поен од актуелниот европски и светски шампион од Италија. Сите беа изненадени од тоа штоеден зелен појас се сикачи на пиедесталот во така силна конкуренција. Исто така одлично се претставија, Филип Трифуноски со неговиот атрактивен стил, Елена Јанеска, Марио Крстески и другите“, нагласува тренерот на Хва ранг ИТФ.

Лазаревски смета дека ова е извонреден завршеток на оваа натпреварувачка полусезона во 2018 година.

„Настапивме со 11 натпреварувачи, пристрасноста на судиите не оштети за уште некој златен медал, ама тоа не не изненадува, затоа сме навикнати на судиски неправди, посебно во Романија, Унгарија, Чешка и Словчка. Секоја година одиме на еден или два натпревари во овој регион поради присуството на други натпреварувачи, кои  ги нема на турнирите на Балканот, а ни се потребни заради квалитетот на нашите таеквондисти кои за година- две ќе почнат да излегуваат на европски и светски првенства“, констатира Лазаревски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО