Позната е обновената борбена карта за Глори Колишн 3

Глори објави ажурирана борбена картичка за настанот Глори Колишн 3 што ќе се одржи на 23 октомври во Арнхем, Холандија. Во главната борба Рико Верховен добива нов противник Џамал Бен Садик.

Ова се случи по повлекувањето на Алистер Оверем, кој требаше да се бори за титулата во тешка категорија со Верховен, но се повреди. Турската легенда Гохан Саки се враќа во Глори и ќе се бори со Џејмс МекСвини.

Бенџамин Адегбуи, кој требаше да се бори со Садик, исто така, добива нов противник. Тој ќе се натпреварува со Антонио Плазибат.

Главна карта:
Рико Верховен (в) – Џамал Бен Садик
Гохан Саки – Џејмс МекСвини
Мохамед Мезуари – Ејеван Даненберг
Донеги Абена – Сергеј Маслобоев
Бенјамин Адегбуи – Антонио Плазибат
Мајкл Дут – Џон Кинг

Прелиминарни:
Алим Набиев – Трој Jонс
Ертугрул Бајрак – Матај Пејс
Мет Бејкер – Серкан Озчаглајан
Стојан копривленски – Бруно Газани

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО