Познат составот на сениорската карате репрезентација за Европското првенство

По Плеј-офот на 6 април во Скопје се дефинира составот на карате репрезентацијата на Македониј за Европското првенство за сениори што ќе одржи од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска.

По нивното завршување изготвена е ранг-листа со освоени бодови од Натпреварувачката комисија на КФРМ. Екипните состави ќе бидат познати подоцна.

Ранг-листа на најдобрите:

Борби, жени

-50 кг Михаела Мишовска – Олимпик спорт
-55 кг Симона Заборска – Макпетрол
-61 кг Вероника Костовска – Олимпик спорт
-68 кг Ангела Мојсовска – Макпетрол
+68 кг Ердона Зибери – Фати

Борби, мажи

-60 кг Недим Шаќири – Ринија
-67 кг Емил Павлов – Штип
-75 кг Петар Заборски – Макпетрол
-84 кг Петар Спасеновски – Макпетрол
+84 кг Стефан Стојановиќ – Макпетрол

Кати, жени

Данка Стојкова – Сансаи Метал Апостолов

Кати, мажи

Кристијан Бајовски – Фунакоши Гичин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО