Познат е новиот датум за дебито на УФЦ во Саудиска Арабија

Дебито на елитниот ММА синџир УФЦ во Саудиска Арабија е одложено.

Првично објавениот датум за историскиот настан беше 2-ри март, но спортскиот новинар Ариел Хелвани известува дека датумот е изземен од УФЦ и тие ги разгледуваат опциите во јуни.

Хелвани додаде дека Саудијците платиле 20 милиони долари за да бидат домаќини на издание на УФЦ и сакале да чекаат прилика за борбена карта со повисоко рангирани борци.

Досега најавените судири за настанот во Саудиска Арабија се:

Мохамед Мокаев – Алекс Перес
Жаирзињо Розенструик – Шамил Газиев
Ерик Андерс – Џејми Пикет
Џоел Алварез – Лудовит Клајн
Џавит Башарат – Ајеман Захаби
Јанис Гемури – Винисиус Оливеира
Брендан Марот – Мохамед Јаја
Абдул-Керим Ал-Селуади – Лоик Раџабов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON