Френсис Нгану: Не сум завршил со ММА

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија и борец на ПФЛ, Френсис Нгану присуствуваше на прес-конференција во Лондон овој понеделник за неговата претстојна пресметка со Ентони Џошуа според професионалните боксерски правила. За време на настанот, Камерунецот јасно стави до знаење дека и покрај сегашните боксерски аспирации, тој не ги напуштил своите амбиции за успех во октагонот според правилата на мешани боречки вештини.

„Тоа е комбинација (ММА и бокс-н.з.). Јас сум борбен човек, не сакам да ме удираат, сакам да удирам. Ако дојде некој сериозен ММА тип, јавете ми се. Ќе удирам, а не да ме удрат. Тоа е важно. Во сегашната ситуација не сум готов со ММА. Верувам дека се уште има големи борби во мешаните боречки вештини што можам да им ги понудам на навивачите. Моите фанови во ММА се мојата база која ми помогна да стигнам до каде што сум. Во таа смисла, сè уште размислувам како да работам со оваа заедница“, рече Нгану.

Нгану не се натпреварувал според правилата за ММА од неговата последна одбрана на титулата на УФЦ против Сирил Гане во јануари 2022 година. Потоа беше неактивен една година пред да го прекине договорот со најголемата ММА организација во светот. Промените Френсис го однесоа во ПФЛ – американска ММА организација со добра репутација, која исто така му даде големи ветувања на Камерунецот. Во меѓувреме, Френсис имаше борби во професионалниот бокс, вклучително и против британската ѕвезда Тајсон Фјури. Иако судиите му ја доделија победата на актуелниот шампион во ВБЦ, Нгану остави одличен впечаток со неговиот бокс, па дури и го испрати Фјури во нокдаун – настап кој беше доволен аргумент за потоа да започне организација за борба со Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО