Волкановски ги кажа очекувањата за голема борба во УФЦ

Шампионот на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски ги сподели своите очекувања за претстојната борба меѓу Мовсар Евлоев и Арнолд Ален.

„Ако зборуваме за умешност, тогаш типувам на Алан, иако Мовсар се уште нема пораз. Ако успее да ја добие оваа борба, ќе се искачи на врвот на дивизијата. Ова е вистински конкурент и победата ќе му даде можност да се пробие во трката за титулата.

И покрај тоа што Евлоев важи за фаворит според букмејкерите, јас тежнеам да му дадам предност на Ален, бидејќи има искуство во борби на највисоко ниво“, изјави Волкановски на својот Јутјуб канал.

Потсетуваме, борбата меѓу Евлоев и Ален ќе се одржи на 21 јануари на турнирот УФЦ 297 во Торонто (Канада).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО