Таеквондо репрезентацијата со полна пареа се подготвува во Крушево, имаат поддршка од олимпискиот шампион Шабан Трстена

Македонската таеквондо репрезентација под водство на селекторот Борче Костовски деновиве ги реализира висинските подготовкитна националниот тим во Крушево. Во револуционерниот град се темпира формата за престојните гран-при турнири низ кои ќе се брка нормата за настап на летните Олимписки игри 2024 во Париз.

Во извонреден ритам македонските таеквондисти минуваат низ тренажниот процес, каде што ќе останата 10 дена. Денеска им се придружи златниот македонски олимписки шампион Шабан Трстена кој мина дел од подготовките со тимот. Олимпискиот шампион е мотивациска поддршка на Дејан Георгиевски и останатите членови на репрезентацијата.

„Секогаш со поддршка за најдобрите од македонскиот спорт, а таеквондо спортот покажа дека е новиот предводник на нашата спортска сцена. Во годината кога одбележувам 40 години од златниот медал на ЛОИ 1984 во Лос Анѓелес, и тоа како посакувам македонските таеквондисти да ја израдуваат Македонија со нови медали од Олимписките игри кои оваа година ќе се одржат во Париз“, истакна Шабан Трстена за време на денешната посета на таеквондистите.

„Трстена се потсети дека и тој сите свои медали особено олимпиското злато го создавал токму тука во Крушево. На истите стази каде што ние го создадовме олимпиското сребро од ЛИО Токио 2020“, истакна тренерот Дарко Костосвки и додаде:

„Вистинска реткост е да имаме прилика да поразговараме со човек кој го поминал истиот пат кој го поминавме ние во Токио. Од голема корист се сите информации и искуства кои Трстена денеска ги сподели со стручниот штаб на македонското олимписко таеквондо.
Чекорењето по стазите на врвниот олимписки спорт е привилегија на многу малку луѓе, токму заради таа реткост со особена чест и саможртва даваме се од себе повторно да ја израдуваме македонската нација со најголемото во спортот“!

По завршувањето на подготовките во Крушево, по 10-дневна пауза припремите продолжуваат во Белмекен во Бугарија, а потоа репрезентативците заминуваат на спаринг-камп во Хрватска.

Таеквондо репрезентацијата веќе за 14 дена ја очекува настапот на Гран-при турнирот во Турција, а потоа и настап на „Австрија опен 2024“ во Инсбрук.

Фото: ФБ, Дарко Костосвки

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО