Пожар ја пеплоса куќата на ММА легенда

Поранешниот ММА борец и член на Куќата на славните на УФЦ, Стефан Бонар, го загуби својот дом во Хендерсон (Невада, САД), пренесува ТМЗ. Куќата на поранешната ММА ѕвезда е уништена од пожар.

„Денеска во 14 часот и 40 минути реагиравме на пожар во станбена зграда. Со помош на противпожарната служба на округот Кларк го изгаснавме пожарот во 15:48 часот. Нема информации за жртви.

Двајца возрасни, едно дете и четири кучиња се евакуирани. Во моментов се истражува причината за пожарот“, се вели во соопштението на противпожарната служба на Хендерсон.

Бонар беше примен во Куќата на славните на УФЦ во 2013 година. Последен пат се бореше во професионалната ММА во ноември 2014 година, губејќи од Тито Ортиз во меч на Белатор.

„Се е изгубено, вклучително и куќата“, потврди Бонар.

Поранешниот шампион на УФЦ во полусредна категорија, Тајрон Вудли, донираше 4.000 долари за Бонар и неговото семејство по пожарот. Бонар во кариерата забележа 15 победи и 9 порази. Тој се повлече од спортот пред 8 години по серија од 2 последователни порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON