Федор Емелијаненко повеќе не е претседател на ММА сојузот во Русија

Големата ММА легенда Федор Емелијаненко поднесе оставка на функцијата претседател на ММА сојузот на Русија. Последниот император бил незадоволен од постапките и политиката на Радмир Габдулин и Ленар Ганеев.

„Почитувани пријатели, од 30 март 2022 година, повеќе не ја претставувам официјално ММА сојузот на Русија, бидејќи не ги поддржувам постапките и политиките на Радмир Габдулин и Ленар Ганеев.

За мене е многу важно да одржувам пријателски и топол однос со вас. Ви благодарам за овие години, заедничкиот развој на нашиот спорт.

Можеби, ако нешто се промени, ќе се вратам на работа во Сојузот“, изјави Емелијаненко пренесе Метаратингс.

Емелијаненко има скор 40-6-1 во ММА и е во серија од 2 последователни нокаут победи. Во последната борба го нокаутира Тимоти Џонсон на крајот на 2021 година во Москва. Тој загуби само една од последните 5 битки под закрила на Белатор.

Годинава се очекува Федор да ја направи последната битка во неговата славна кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО