Хамзат Чимаев: Ќе го убијам Колби Ковингтон во битка

Хамзат Чимаев е подготвен да се бори со секого во средна категорија и никому не му дава шанса во борбата со него. „Борз“ брзо се издигна во УФЦ откако доби 4 победи во низа и заработи бонуси.

Сега има шанса да се бори со топ кандидат Жилберт Барнс и победата може да му даде шанса за титулата. Тие се среќаваат на УФЦ 273, што ќе се одржи следниот викенд во Флорида.

Чимаев очекува во блиска иднина да се бори за титулата, но доколку оваа опција не е достапна, тогаш ќе биде отворен за битка со друго име. Чимаев во еден од своите настапи за медиумите изјави:

„Ако Усман отсуствува подолго време, тогаш ќе се борам со Колби Ковингтон. Ќе го убијам овој човек. Никој навистина не може да го нокаутира.

Треба да го нокаутираш како мртовец, за да не може повеќе да зборува. Така се прават работите. Усман не успеа да го стори тоа. Не успеа и Масвидал.

Јас ќе го направам тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО