Поветкин: Пораз од Џошуа не ми е ниту на крајот на паметот!

Александар Поветкин на 22 септември ќе се обиде повторно да стане светски шампион.

39-годишниот Русин во боречките спортови влезе преку каратето и кик боксот, а потоа ги освои сите најважни аматерски натпреварувања во бокс – два пати беше европски шампион, 2003-та светски и олимписки шампион во 2004 година.

Против Ентони Џошуа меѓу другите ќе имаат шанса да го освои и „вистинската“ ВБА титула, бидејќи 2011-2013 ја држеше титулата на „регуларен“ шампион.

Поветкин во мечот со шампионот влегува како аутсајдер, но вели дека воопшто не размислува можноста за пораз во мечот за титулата светски шампион во тешка категорија.

„Пораз против Џошуа не ми паѓа ни на крај на паметот. Размислувам само за тоа како ќе влезам во рингот и ќе победам. Ќе направам се за тоа“, изјави тој за Скај спорт.

„Се подготвуваме за двете сценарија. Или Ентони Џошуа ќе дојде во рингот со намера да се испотепа или ќе одлучи да се бори од дистанца. Не знаеме како ќе се развива борбата, но сме подготвени за секој стил“.

Во боречките вештини, како и многу, го привлекол Брус Ли.

“Едно време во Русија видеотеките беа многу популарни и таму можеа да се најдат филмови од Брус Ли. Решив дека сакам да бидам силен и да може да се одбранам. Го замолив татко ми да ме однесе некаде“.

„Почнав со карате, па кик бокс и од 13 година бокс“, рече Поветкин кој во 1999 година ја освои титулата на ВАКО во кик бокс.

Кон крајот на март ја боксираше својата прва борба во Британија. Во воведниот дел на настанот Џошуа-Паркер во Кардиф во петата рунда го нокаутира Дејвид Прајс, откако претходно и самиот се најде во нокдаун.

„Не можам да кажам дека тој нокдаун силно ме заболе. Но, ја погледнав снимката и точно видов каде згрешив. Тоа беше само мала грешка и ќе се обидам да го правам тоа за време на борбата со Џошуа. Генерално сум задоволен од таа изведба. Направив грешка, но победив, Тоа е клучна работа“.

„Само сакам да повторам ори навистина ми се допаѓа како британците реагираат на боксот. Се разбира, навива за својот, но истовремено сакаат убав и квалитетен бокс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО