Поветкин полесен 15 килограми од Хамер (ВИДЕО)

Александар Поветкин (32-1, 23 КО) вопеток ќе се бори во Екатеринбург за задолжителен предизвикувач во ВБО, а може да избори местото и за предизвикува во ВБА.

38-годишниот Русин се бори против осум години помладиот Романец Кристијана Хамер (22-4, 12 КО).

Поветкин на вагата имаше 101,2, а Хамер 116,3 килограми.

Во овој меч Поветкин ја брани и ВБО меѓународната титула во тешка категорија што ја освои во јули со победата над Андриј Руденко.

Победникот сигурно станува задолжителен предизвикувач за титулата на ВБО која во моментов ја држи Џозеф Паркер. Поветкин е позаинтересиран да се бори со Ентони Џошуа, но бидејќи е блиску до договор за средба меѓу Новозеланѓанецот и Англичанецот, додека дадојде до борбата Џошуа би можел да го држи и тој појас.

„Сакам да се борам со најдобрите во светот, а Ентони Џошуа е далеку најдобар“, изјави поранешниот шампион на ВБА.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО