Еве како му беше украдена победата на Даниел Стефановски на Татнефт купот (ВИДЕО)

Синоќа Даниел Стефановски (13-11-2, 5 КО) беше поразен на многу сомнителен начин во екстра рунда на средбата со со Стас Макаренко во рускиот Казан за мечот на Татнефт купот во К-1. За да не бидеме пристрасни, погледнете ја оригиналната видео снимка. Само едно може да се каже – победата му е украдена на дрзок начин.

Синоќа, по борбата, Стефановски за Ipon.mk изјави:

„Што да кажам!? По три рунди нерешно…, па есктра рунда и му ја дадов победата. Според моја проценка и искуството што го имам борбата беше моја по третата рунда. Но, така е кога си во странство и кога противникот ти е од таа држава“.

Тој констатираше дека противникот бил многу тврд и примил многу удари, но неуспел да го нокаутира.

Во контактот што го направивме утринава, кога работите легнаа и емоциите се смирија Даниел кажа само една реченица: „Се е политика“!

Стефановски ни рече дека организаторот му признал оти тој е победникот, но и констатира дека направил добра борба на задоволство на сите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО