Поветкин: Ќе барам објаснување од Усик за навредите против нас

Рускиот боксер Александар Поветкин изјави дека има намера да разговара со Украинецот Александар Усик за неговите навреди кон Русите.

Пред две недели се дозна дека борбата на Усик против Британецот Тајсон Фјури нема да се одржи, бидејќи не можеа да се договорат за условите. Следен противник на Украинецот ќе биде Даниел Дубоа.

Од почетокот на војната меѓу Русија и Украина Усик стана гласен критичар на Русите и нивната политика. За ова Поветкин ќе бара одговорност кога ќе се видат во живо.

„Нешто се случи со Саша Усик, не знам што. Немам негативен став кон него. Целосно разбирам дека живее во оваа земја. Не знам што се случува таму и како се случува.

Се разбира, нема да голтам навреди за Русија. Кога ќе се видиме, сигурно ќе го прашам. Не си дозволив никого да навредам“, рече Поветкин на Јутјуб каналот Ушатајка.

Поветкин има 36 победи во професионалниот ринг, 3 порази и 1 реми. Во летото 2021 година најави дека се пензионира, но призна дека може да се врати во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО