Поветкин го советува Вајлдер помалку да зборува

Vajlder se dere

Рускиот боксер во супер тешка категорија, Александар Поветкин, го советува светскиот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер да биде умерен во изјавите пред мечот, кој е планиран да се одржи во текот на оваа пролет. Вајлдер изјави дека „Русија ќе биде домаќин со помош на пари“, но во исто време изрази мислење дека „парите нема да му помогнат на Поветкин во рингот“.

„Тој сака да зборува, менталитетот му е таков. Тој може да кажува што сака, но најважно е што ќе се случи на рингот. Јас не сум навикнат да зборувам лошо за луѓето и моите колеги“, изјави Поветкин, кој се јавува како официјален предизвикувач за титулата на ВБЦ.

Александар Поветкин исто така, истакна дека, ако мечот се одржи во САД, притисокот врз него ќе биде помал. „Најверојатно притисокот врз мене ќе е помал, ако се бориме во САД. Сепак, како што знаеме, дома и ѕидовите помагаат. Ние го проучуваме Вајлдер, подготвуваме различни варијанти на одбрана и тактика“, изјави Русинот.

Организаторот на натпреварот ќе биде одреден преку аукција на 26 февруари, бидејќи двете страни не успеаја да постигнат договор меѓу себе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО