За 90 секунди разграбани билетите за мечот Џошуа-Мартин

Entoni dzosua i ekipa

Британскиот боксер во супер тешка категорија, Ентони Џошуа, е со намера пред средбата со Чарлс Мартин да побара совет од хегемонот во категоријата во претходните години, Виталиј Кличко.

„Најверојатно пред мечот со Мартин ќе се консултирам со Виталиј Кличко, бидејќи тој има искуство во претставувањето на највисоко ниво. Многу е убаво тоа што може да комуницирате со шампиони, а јас само си помислев, да се обратам до Виталиј Кличко. Сега тој не е во боксот, нема да ги брани своите интереси, па мислам дека тој ќе биде во можност да ми даде добар совет. Се надевам дека Виталиј ќе ми помогне“, изјави Ентони Џошуа.

Во меѓувреме, сите билети за средабата Мартин – Џошуа беа распродадени во рок од две минути. Борбата за титулата светски шампион ИБФ верзија меѓу Американецот (23-0-1, 21 КО) и Британецот (15-0, 15 КО) ќе се одржи на 9 април во Лондон и предизвика голем интерес кај локалните навивачи, кои ги разграбаа вредните хартии за рекордно краток рок – само 90 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО